Македонија на сè или ништо против Полска за мундијалска виза!

Женската репрезентација на Македонија денеска против Полска ќе брка минус четири негатива за мундијалска виза.

Избраничките на Кристијан Грчевски во Полска беа поразени со 22:18 и на денешниот реванш меч, на која ќе имаат голема поддршка од трибините во спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе треба да го дадам максимумот доколку сакаат настап на уште едно големо натпреварување.

Македонија последниот настап на Мундијалите го имаше во 2007 година во Франција, па така сите репрезентативки ќе имаат дополнителен мотив да го покажат најдоброто од себе пред битолската публика и да ја израдуваат македонската јавност со пласман на Мундијалот 2025, кој ќе се одржи во две земји – Холандија и Германија.

Репрезентативките на Македонија учествуваа на ЕП 2022 и 2024, и би било убаво да продолжат со настапи на големите натпреварувања, бидејќи ќе имаат убава можност за пласман и на континенталниот собир 2026.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска е закажан за 19:00 часот, а правдата ќе ја делат Хатиполгу и Симшек од Турција, додека делегат ќе биде Вукашиновиќ од Србија.

Кобилинска разочарана: По ваков меч, четири гола предност е малку!

Шансите за мундијалски билет постојат – нека „гори“ Битола в сабота