Македонија конечно ќе добие нови селектори

Ракометната федерација на Македонија секогаш се декларирала дека внимава и се залага за развој на младите категории, но дури после три години ќе назначи селектори на една генерација на ракометари и ракометарки. Кадетската репрезентација на Македонија досега немаше свој предводник, и ова ќе биде првпат да биде назначен селектор за нив. Во повеќето земји, селектори постојат и за генерациите 2010, па и за најмладите 2012 кои се и во системот на натпревари. За жал во Македонија досега овие селекции беа заборавени, и запоставени.

За генерацијата на ракометари 2008 и помлади пред две години имаше дури и изборен собир на кој селекторот Лазаров заедно со неговите помошници, повеќето клупски, ги тестираа и избираа кои ракометари имаат квалитет да влезат во репрезентацијата.

Но, откако ги видоа и ги избраа тие што сакаа да ги сменат дотогашните клубови со нови, немаше никаква акција, ниту собир на истите. Уште помалку настап или пак нзначување на селектор што ќе го следи нивниот развој. Дел од оние што беа на тој изборен ден дојдоа во Скопје. Планот за назначување на селектор без одложен, од непознати причини, иако се шпекулираше со повеќе имиња, повторно блиски на актуелниот селектор.

Дури сега ќе дојде назначувањето на селекторите, во машка и женска конкуренција, а таа генерација летово ќе треба да настапи и на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје. Тоа ќе биде нивно прво собирање и неизвесно е колку денови ќе имаат за подготовки.

Според информациите на 24Ракомет, новите селектори на овие категории треба да бидат Горан Кузманоски и Даниела Новеска. Најверојатно УО на РФМ откако ќе завршат квалификациите за настап на ЕП 2026 година за сениорите, и официјално ќе ги назначат новите селектори на кадетската репрезентација.

Кузманоски и Новеска ќе имаат задача во најкус рок да го објават списокот на ракометари, и да подготват програма за подготовки, па и играње на натпревари. За резултати од настапот веројатно ќе се зборува со помал интензитет, бидејќи никој не ја виде таа репрезентација на едно место и да има настапувано.