Македонија и Хрватска ќе играат зад затворени врати во Автокоманда

Двата натпревари меѓу младинските селекции на Македонија и Хрватска ќе бидат одиграни зад затворени врати.

По барање на двајцата селектори, Раде Стојановиќ и Крешо Иванковиќ, ова ќе бидат тренинг натпревари без присуство на публика.

Првиот натпревар е на програмата утре од 18:00 часот во Автокоманда, додека в сабота мечот се игра на истото место на пладне.

Македонија и Хрватска се во иста група на ЕП, во кој ќе играат уште против Австрија и Црна Гора во јули во Словенија.