Македонија ЃП ја продолжи победничката серија во плеј-офот

Екипата на Македонија ЃП продолжува во победнички ритам во прволигашкиот плеј-оф, вечерва ја забележа третата победа и сега има „три од три“.

Во натпревар од 3. коло, ракометарите на Македонија ЃП за ривал го имаа Овче Поле и триумфираа убедливо со 37:21 (20:10).

Македонија ЃП одигра доминантно во двете полувремина, а гостинот се што направи беше израмнувањето на 5:5, сѐ останато мина во знакот на домаќините.

Најефикасен во победничкиот табор беше Мартин Бучуковски со седум погодоци, пет постигна Бојан Божиновски, по четири реализации имаа Никола Иванов, Стефан Нацев и Марко Станојоски.

Кај поразените, најдобар стрелец беше Иван Димчевски со шест погодоци, еден помалку имаше Стојанче Ристов.