Македонија е носител пред ждрепката за СП 2025 – еве кои се можните ривали

Машката репрезентација на Македонија со победата над Швајцарија 29-27, го освои третото место и го заврши настапот на ЕП на 17 место.

Ова значи дека Македонија ќе биде носител пред ждрепката за вториот бараж двомеч, во кој нашата репрезентација е веќе пласирана.

Таму ќе има 11 двојки, од кои победниците ќе се пласираат на Мундијалот во Данска, Норвешка и Хрватска во јануари 2025 година.

Натпреварите од првиот бараж се на програмата во март, додека оние од вториот бараж што ќе ги игра и Македонија ќе се играат во мај.

Ждрепка за СП 2025, бараж 2:

шешир 1: Македонија, Шпанија, Црна Гора, Полска, Чешка, + шест репрезентации што ќе се пласираат од 3-12 место на ЕП, а досега не обезбедиле билет за СП

шешир 2: *Словачка/Луксембург – Израел, Естонија/Украина, Финска/Литванија, Белгија/Италија, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грузија

*Луксембург и Израел на 17 и 18 јануари ќе играат заостанат двомеч од претквалификациите, а победникот оди на Словачка во првиот бараж