Со победата над Франција со 30-29 и освоеното деветто место на Европското првенство, младинците на Македонија станаа најдобропласирана селекција од сите балкански.
Селекцијата на Хрватска на крајот заврши на 11 место, по триумфот над Унгарија, додека Србите, кои отидоа со високи амбиции на ЕП, а среде првенство селекторот Теодоровиќ си поднесе оставка, го завршија настапот на 13 место.
Домаќинот Словенија, исто така имаше високи амбиции пред ЕП, малку фалеше за пласман во главната рунда, но крајот мораше да се задоволи со 15 место.
Црна Гора, пак, разочара комплетно и иако беше ослабена без дел од најдобрите играчи, сепак заврши дури на последното 24 место, откако загуби од Грција.
Босна и Херцеговина во оваа категорија не е дел од ЕП, туку од ЕХФ шампионатот, но не пријави репрезентација за настап на тоа првенство што викендов заврши во Косово.