Македонци „главни“ во финалето на Лигата на шампионите

Во Келн на Ф4 во Лигата на шампионите веќе пет сезони нема македонски клуб, но Македонија ќе има свои претставници на финалето.

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, беа делегирани од ЕХФ за натпреварот за злато во „Ланксес Арена“.

По финалните натпревари на Европско првенство, Светско првенство и Олимписки игри, ова е уште едно признание за македонските арбитри.

Натпреварот меѓу Барселона и Алборг, ќе се игра вечерва во „Ланксес Арена“ со почеток од 18:00 часот.