Европскиот шампион Магдебург е последниот учесник на завршниот турнир во Лигата на шампионите, по вториот триумф над унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.
По победата на гости со 35-28, екипата на Бенет Вигерт славеше со 45-37 на втората пресметка во „Гетек Арена“.
Момците на Михаел Апелгрен немаа сили да приредат чудо во Германија, водеа само на стартот со 2-1, а потоа се беше во знакот на домашните.
На паузата Магдебург водеше со 23-19, а вториот дел помина во нивна комплетна доминација. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Магнусон со осум и Петерсон со седум, а голманите Ернандез и Мандиќ комбинираа десет одбрани. Кај Сегед, Смарасон стрелаше седум пати.
Покрај Магдебург, на Ф4 ќе играат уште и Барселона, Фуксе Берлин и Алборг на 13 и 14 јуни во „Ланксес Арена“.
























