Во дерби дуелот од 29. коло во Бундес лигата, тимот на Магдебург славеше на гостувањето кај Фленсбург со три гола разлика, 32:29 (19:15).
За Магдебург ова беше 24-та победа во тековната сезона во најквалитетната лига на светот и со новите освоени бодови го презеде првото место на табелата, сега има 50 бодови.
Предводник во тимот на Магдебург беше репрезентативецот на Исланд, Омар Игни Магнусон, кој воедно заврши и како најефикасен на натпреварот со девет погодоци, додека во поразениот табор се истакнаа Емил Јакобсен и Ласе Молер со по седум погодоци.
Фуксе Берлин е најголемата закана за Магдебург, бидејќи заостанува само на бод, додека третопласиран засега е Фленсбург со 42 бодови, потоа следуваат Кил и Мелсунген со 39, односно 38 бодови.
До крајот од сезоната преостануваат уште шест натпревари, на кои Магдебург треба да игра со Лемго, Ерланген, Балинген, Лајпциг, Рајн Некар и Вецлар.