Maкедонски ѕид: Вардар и Еурофарм Пелистер имаат најдобра одбрана во Европа!

Maкедонските претставници Вардар и Еурофарм се изборија европска пролет, Вардар ќе продолжи во осминафиналето на Лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер продолжува во истата фаза во Лигата на Европа.

Кога ќе се погледне статистички успехот на двата најдобри македонски клуба е најмногу поради одличната игра во одбраната. Вардар ја има најдобрата одбрана во Лигата на шампионите со примени 368 гола, а Е.Пелистер има најмалку примени голови во Лигата на Европа, 248.

Е.Пелистер во Лигата на Европа одигра натпревари против Ним, Кадетен, Спортинг, АЕК и Татабања. Токму добрата игра во одбраната на последниот натпревар против грчки АЕК во Битола беше причина за високата победата. Гостите од Грција беа запрени на само 19 голови. На второто место со најмалку примени голови се најде Тулуз со 265 примени, еден помалку од Нант на Кире Лазаров.

Вардар од друга страна на 13 натпревари прими 368 голови. Во Лигата на шампионите се одиграа 14 кола меѓутоа победата против Мешков Брест во претпоследното коло за црвено-црните беше со службен резултат поради ситуацијата во Украина. Секако дека и овој учинок на Вардар е за пофалба затоа што покрај Мешков играше во група со Алборг, Кил, Сегед, Монпелје, Елверум и ППД Загреб. Зад Вардар втора со најмалку примени голови е Барселона со 369.

Осминафиналето за Вардар ќе донесе натпревар против Веспрем кој сигурно ќе биде тежок испит за вардарци, Е.Пелистер ќе ќе оди на балканско дерби против Нексе.