Katrine LUNDE, SF2 - Hungary vs. Norway, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 13.12.2024, Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

Лунде царуваше на голот, Норвешка ќе го брани златото на ЕП

Репрезентацијата на Норвешка ќе го брани златото на Европското првенство 2024, откако во полуфиналето славеше над незгодната Унгарија со 30:22.

Скандинавската селекција на последните два континентални собири (2020 и 2022) го освојуваше првото место.

Избраничките на Хергеирсон уште од стартот покажаа дека се за нијанса подобри од Унгарија, која на моменти парираше, но во ниту еден дел од натпреварот не дојде до израмнување.

Норвешка во неколку наврати во првото полувреме имаше предност од 4-5 гола разлика, а во најголемиот дел од првите 30 минути составот на Головин покажуваше знаци на опасност и секогаш кога требаше да се доближи

Актуелниот европски шампион на полувреме замина со предност од 13:11 и умешно водеше во вториот дел, во кој легендарната Катрин Лунде бранеше кога беше најпотребно и не им дозволуваше на Унгарките во ниту еден случај да се надеваат на камбек.

Со цврста одбрана и добро организирани напади, репрезентацијата на Норвешка во 40 минути имаше предност од 20:15, а две минути подоцна дојде до 21:15, и веќе во тој момент целосно се распадна играта на Унгарија, која до крајот влезе во уште поголема криза.

Шведска со победата над Холандија од 33:32 (15:15) го освои петтото место на Европското првенство.