По Микаел Робен и Вилијам Акамбре, уште едно ново име го засили амбициозниот американски проект Лос Анџелес.
Станува збор за 42-годишниот германски легендарен ракометар, Михаел Мими Краус, кој му се враќа на ракометот по неколку сезони пауза.
Краус е светски првак со Германија во 2007 година, a во кариерата играше за Лемго, Хамбург, Штутгарт, Гепинген…
Таму се веќе Вид Кавтичник, Далибор Додер, Домагој Сршен, Виран Морос, Мартин Штробел, Максимилијан Херман…
Со ваков ростер Лос Анџелес нема да има проблеми да ја освои титулата во САД и да обезбеди место на Светското клупско првенство.


























