Литванците по пенал рулет ја минаа првата пречка до СП 2025, Украина доживеа дебакл!

Изминатите неколку дена беа одиграни реванш средбите од првиот бараж за СП 2025 година, по кои се познати четири патници во вториот круг.

Словачка уште еднаш славеше над Израел, но и овојпат со проблеми. Во вториот бараж ќе се соочи со Полска.

Италијанците забележаа втора победа над Белгија, а Естонија направи уште едно изненадување и и нанесе дебакл на Украина на мечот што се играше во Литванија. Италија стана ривал на Црна Гора.

Токму Литванците во драматичен натпревар ја елиминираа Финска. По ремито на првата средба, домаќините беа фаворит, но Скандинавците се изборија за ново реми.

Мечот мораше да биде решен по пенали. Во првата серија од пет удари од седум метри, двете селекции погодија само по три удари, па серијата мораше да продолжи.

Еден од лидерите на Финска, Бенјамин Хеландер промаши, а најдобирот литвански играч Аиденас Малашинскас реализираше за 30-29 и голема радост на домашните навивачи. Литванија во вториот бараж ќе игра против Унгарија.

Натпреварите од вториот бараж за СП 2025 година ќе се играат на 8/9 и 11/12 мај, по што ќе бидат познати последните 11 патници од Европа на Мундијалот.

Бараж 1 за СП 2025, резултати:

Израел – Словачка 25-26, 24-26
Украина – Естонија 29-32, 33-41
Италија – Белгија 25-29, 31-33
Литванија – Финска 20-20, 30-29 пен.

Бараж 2 за СП 2025, двојки:

Фарски Острови – Македонија
Литванија – Унгарија
Италија – Црна Гора
Грција – Холандија
Романија – Чешка
Шпанија – Србија
Полска – Словачка
Грузија – Австрија
Словенија – Швајцарија
Португалија – Босна и Херцеговина
Исланд – Естонија