Лино Червар е можен наследник на Тамше во Нексе?

На големо изненадување по само еден кикс, раководството на Нексе Нашице го смени словенечкиот стратег Бранко Тамше.

Во многу чувствителен момент Нексе ќе мора да бара нов стратег, а екипата на дуелот со Горење Велење ќе ја води координаторот на младинските категории, Касим Каменица.

Според пишувата на „Спортске Новости“, еден од можните наследници на Тамше е легендарниот Лино Червар.

Некогашниот тренер на Металург и селектор на Македонија, наскоро ќе наполни 74 години и нејасно е колку може да одговори на предизвикот.

Според хрватскиот медиум, управата на Нексе чекала само кикс на Тамше за да го смени, бидејќи тој веќе не се вклопувал во високите амбиции на клубот, кој оваа сезона се засили со Маргуч, Безјак, Гаџа, Јотиќ…