Легендарниот Ентрериос заминува од Барса по 14 сезони!

По 11 сезони како играч и три сезони како координатор на младинската школа, Раул Ентрериос заминува од Барселона.

Легендарниот среден бек откако ја заврши кариерата во 2021 година, остана и работеше во каталонскиот гигант.

„Време е после толку години во овој голем клуб, прво како играч а потоа и како тренер, да се заврши овој период. Иако беше тешка одлука, сепак мислам дека е време за нови предизвици“, вели Ентрериос.

43-годишниот Ентрериос дојде во Барса во 2010 година и освои меѓудругото и три титули во Лигата на шампионите, 11 шампионски титули во Асобал лигата, како и осум трофеи во Купот на Шпанија.