Легендарниот Агинагалде во стручниот штаб на Полска

Легендарниот пивот од Шпанија, Хулен Агинагалде, ќе биде дел од стручниот штаб на машката полска репрезентација.

Тој ќе му биде асистент на новиот селектор Хота Гонзалез, кој дојде на местото на Марцин Лијевски по неуспехот на СП 2025.

Агинагале е добро познат на полската јавност и остави голем траг во тамошниот ракомет. Го носеше дресот на Келце од 2013 до 2022, пред да се врати во матичниот клуб Бидасоа Ирун.

Таму одигра уште две сезони и од 2022 е спортски директор, а сега се враќа на теренот, но како тренер.

Полска е пред пласман на ЕП 2026, откако во групата со Португалија, Романија и Израел се наоѓа на второто место пред последните две кола.