Лазаров се најде на „ѕидот на легендите“ на Нант (ФОТО)

Францускиот Нант денеска објави дека по повод 70. роденден на клубот ќе го промовира „ѕидот на легендите“.

Меѓу седумте имиња се најде и македонската легенда Кире Лазаров, кој го носеше дресот на Нант пет сезони.

Од 2017 до 2022 година тресеше мрежи за Нант и остави длабока трага, а покрај него уште шест ракометари се најдоа на „ѕидот на легендите“.

Покрај Кире Лазаров, свое место меѓу легендите на Нант имаат и Рок Фелихо, Доминик Клајн, Алберто Ентрериос, Махмуд Гарби, Фредерик Голе и Бруно Соуза.