Машката репрезентација на Македонија пред настапот на Европското првенство триумфираше на првата од двете контролни средби против Грција со три гола разлика, 33:30.
Македонија иако 20 минути беше во негатива, сепак, со одличната игра во последните десет минути од првиот дел направи пресврт и до крајот имаше активен резултат.
По одиграниот натпревар со јужниот сосед, свој коментар даде кружниот напаѓач Милан Лазаревски.
,,Имавме план и повеќе концепти кои што сакавме да ги имплементираме денес, сакавме да пробаме со неколку играчи кои играат на позиција среден блок во 6-0 одбрана, сакавме да пробаме во напад 7 на 6, имаше повеќе концепти кои што се добредојдени на ваков натпревар, за да знаеме што можеме да играме, што може да ни биде најдобар дел во нашата игра, а што не”, изјави Лазаревски.
Македонија првиот меч на ЕП го игра против Франција на 10 јануари од 18:00 часот на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.
Велковски: Спремни сме за ЕП – борбено ќе го браниме македонскиот дрес