Кузмановски ја водеше Македонија за првпат на голем настан: Горд сум на сите момци!

Филип Кузмановски за првпат во улога на капитен ја предводеше Македонија на големо натпреварување.

По последниот меч со Франција, битолчанецот ги сподели импресиите од дуелот со еден од фаворитите за злато и од настапот на СП.

„Според мене фаворит за златото е Франција бидејќи има многу ѕвезди во екипата. Беше тешко да се игра против нив, но ние собравме сили и бевме мотивирани. Мислам дека зад нас имаме успешно првенство, но и дека има простор за напредок во иднина. Горд сум на сите момци, кои се бореа од прв до последен ден. Беа пожртвувани и дадоа се од себе за Македонија. Имаше голем број навивачи на првите натпревари во Вараждин, одигравме максимално добро што можевме“, изјави Кузмановски.

Следен предизвик за Македонија ќе биде двомечот против силната Словенија од квалификациите за ЕП 2026 година.