Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски денеска беше промовиран во дресот на Еурофарм Пелистер.
По четири сезони во Бундес лигата, тој се врати во татковината и одново ќе го облече дресот на матичниот клуб.
„Благодарност до претседателот и клубот што направија се да ме доведат. Мотивиран сум и едвај чекам да заиграм во дресот на мојот клуб. Два дена работам со екипата, ги познавам моите соиграчи, со некои бев соиграч и во Бундеслигата. Знаеме какви навивачи се „Чкембарите“ и какви вљубеници се битолчани, најдобри во светот, и убеден сум дека заедно ќе се радуваме“, изјави Кузмановски.
Кузмановски би требало да биде дел од составот на Еурофарм Пелистер на мечот со ПИК Сегед во Лигата на шампионите.