Кузмановиќ со 22 одбрани ги „збудале“ Германците, и со пораз ги испрати во полуфинале!

 

Германија-Хрватска 24:30  (14:13)

Израмнето и динамично прво полувреме одиграа Германија и Хрватска во Ланксес арената во Келн. Прекрасната атмосфера беше мотив за домашната селекција која подобро го отвори мечот и имаше почетно водство од 5:3. Хрватите во продолжение заиграа поефикасно во нападот што резултираше со мини серија од 3-0 по која Хрватска за првпат поведе на мечот 5:6 во 10.минута. Ракометарите на Перковац продолжија во ист ритам во најголем дел од првото полувреме, а во последните десетина минити се разигра капитенот Дувњак кој со три „бомби“ по ред го матираше Волф, и го донесе најголемото водство за својата репрезентација 10:13, во 25.минута. Сето тоа што го градеа во првото полувреме Хрватите го испуштија за само пет минути, во кои не успеаа да постигнат ниту еден погодок а примија четири. Хајман ја предводеше серијата и добрата игра на Германците по која поведоа со 14:13, и со минимално водство заминаа на одмор.

, Germany vs Croatia, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 24.01.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Вториот дел започна со три интервенции на извонредниот Кузмановиќ на голот на Хрватска. Тој беше ракометарот кој бранеше се што може да се одбрани на германските ракометари, и ја одржуваше својата репрезентација во игра. Одбраните на Кузмановиќ беа причина Германија цели шест минути да биде без погодок, а со головите на Караќиќ и Мараш „коцкастите“ повторно поведоа со 15:17 во 40.минута. Хрватска заигра многу побрзо во второто полувреме,па преку контри и полуконтри го загрозуваше германскиот гол. Карачиќ со својот трет гол ја доведе својата репрезентација до највисоки плус пет,  19:24 во 50.минута. Хрватите во последните десетина минути одиграа и најфуриозно и немаше дилеми кој ќе биде победник на мечот. На крајот коцкастите стигнаа до најубедлива предност за висок триумф од 24:30.

Карачиќ ја предводеше листата на стрелци со шест голови, а Кузмановиќ одигра фантастичен натпревар и забележа неверојатни 22 одбрани, по што беше прогласен и за МВП на натпреварот. Кај Германија Гола и Хајман постигнаа по четири.