Кузмановиќ пред трансфер на кариерата

Хрватскиот чувар на мрежата, Доминик Кузмановиќ, би можел од наредната сезона да го брани голот на Магдебург.

Според „RTHandball“, Кузмановиќ би требало да биде замена за Сергеј Ернандез, кој заминува на лето во 2026 година.

Шпанецот е пред потпис со Барселона, а челниците на Магдебург во Кузмановиќ гледаат идеална замена.

Сепак за да се оствари овој трансфер, Магдебург ќе треба да му плати оштета на актуелниот тим на Кузмановиќ, Гумерсбах, со кој Хрватот има договор до 2028 година.