Екипата на Куманово е решена да опстане во суперлигашката конкуренција и за остварување на целта донесе нов странски ракометар во своите редови.
Станува збор за поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Србија, Огњен Радојичиќ, кој настапува на позицијата лев бек.
Србинот веќе дебитираше во дресот на Куманово и на натпреварот против Скопје покажа дека ќе биде квалитетно засилување.
Радојичиќ во својата интернационална кариера има играно во Грција, Австрија и БиХ, додека во српскиот шампионат беше дел од Шамот и Црвена Ѕвезда. Во Куманово доаѓа од шпанската Мајорка.
Во Куманово пред почетокот на вториот дел од сезоната пристигнаа пет засилувања – Стефан Атанасовски, Наум Костов, Михајло Стевовиќ, Милош Благојевиќ и Алекса Радичевиќ.
Куманово во плеј-аут фазата на три одиграни натпревари оствари две победи и се вклучи во борбата за првите две места на табелата.