Ракометарите на Куманово обезбедија директен опстанок во суперлигашкото друштво, откако славеа на гостувањето кај Мулти Есенс со 29-27 во натпреварот од 14 рунда од плеј-аутот. Во прилог на избраниците на Љубиша Димковски одеше и резултатот од Прилеп, каде домашниот тим славеше против Еурофарм Пелистер 2 со..
Куманово отвори со водство, во еден момент тоа беше и четири гола, 10-6, но упорните домаќини не се откажуваа од борбата за камбек. Намалија домашните на 10-9, но потоа одново попуштија во ритамот и поискусниот гостински тим на пауза замина со водство, 18-14.
Во второто полувреме, избраниците на Миле Бочкаровски успеаја во неколку наврати да се доближат и на минус еден, но немаа сили да направат последен чекор кон пресврт. Куманово до крајот рутински ја задржа предноста од три гола и се радуваше на три бода кои беа доволни за второто место во плеј-аутот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Наум Костов со седум гола и Уча Гамзардија со пет, додека во редовите на тимот од Автокоманда се истакнаа Димитар Узунчев со осум и Михаил Иваноски со седум погодоци.