Кумановци немоќни во Автокоманда

Тимот на Кире Лазаров ја продолжи победничката серија во суперлигашката конкуренција, откако во натпревар од 10. коло на свој терен славеше над Куманово со 40:25.

Домашниот тим новите два бода си ги обезбеди уште во првото полувреме, кое го доби со 23:11 и рутински ги одработи вторите 30 минути.

Гостите од Куманово парираа колку што можат, но искуството си го направи своето, па така во ниту еден момент немаше неизвесност на натпреварот.

Најефикасни во домашниот табор беа Александар Петковски со девет и Франциско Оливеира со осум гола, а во поразената екипа кружниот напаѓач Дарио Симоноски беше прв стрелец со осум успешни реализации.

Во следното коло, кое ќе биде по ЕХФ неделата, „сино-белите“ ќе гостуваат кај Охрид, додека Куманово на свој терен ќе го пречека Радовиш.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186