Кукуловски го однесе Брно во полуфинале од чешкиот Куп!

Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски имаше одлична партија во четвртфиналето од Купот на Чешка.

Неговиот тим Брно слави голема победа над Нове Весели со 30-22 и обезбеди место меѓу најдобрите четири во ова натпреварување.

Левиот бек од Ресен успеа да погоди пет пати во голот на гостите и беше најдобар играч во победничкиот тим.

Покрај Брно, во полуфиналето од Купот се пласираа Робе Жубри, Ловосице и Бањик Карвина, кој го елиминира актуелниот првак Плзен (Костески 2 гола).