Ракометарките на Ѓорче Петров одиграа уште еден рутински натпревар во Женската лига и го совладаа составот на Астибо со 43:19.
Поведоа избраничките на Симе Симовски со 9-0 и веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот.
До паузата домаќинките ја задржаа предноста, а сите гостински грешки беа казнувани со лесни погодоци од контранапади.
Во второто полувреме шанса за настап добија сите ракометарки од двата тима и немаше никакви промени во поглед на резултатот.
По овој натпревар, Ѓорче Петров ја доби титулата во Женската лига, трета по ред, а ќе остане да го одигра уште дуелот со Вардар утре од 13:00 часот, но тој нема значење.