Руската интернационалка Ана Вјахирева од ова лето ќе има нов предизвик во кариерата и ќе замине од норвешкиот Вајперс Кристијансанд, иако имаше договор на уште една сезона.
Норвешкиот „ФВН“ пишува дека трикратниот европски првак го продава десниот бек во францускиот Брест Бретањ бидејќи сака да го намали буџетот и да заштеди на финансии.
Кристијансанд имаше проблеми, но најавено беше буџетот за претстојната сезона е обезбеден и не се очекуваа промени. Сепак во последен момент една од најдобрите ракометарки заминува од клубот, иако таа посакувала да остане.
Како оштета, норвешкиот клуб ќе заработи околу 180.000 евра, што во споредба со машкиот ракомет не е голема сума, но ако се гледа од аспект на женските клубови, се работи за висока оштета.
Од Брест Бретањ замина Валерија Маслова, но доаѓаат Вјахирева и Кристина Новак на десната бековска позиција, па Ива Младеновска ќе има силна конкуренција во обидот да се наметне кај Рафаел Тервел.