Костов и Јотиќ диригираа, Охрид лесно се справи со Куманово

Ракометарите на Охрид запишаа очекувана победа над Куманово со 38-20 и веќе нема дилеми дека ќе пренесе еден бод во разигрувањето за титулата. Наум Костов со десет и Ловро Јотиќ со седум гола беа најзаслужни за убедливиот триумф.

Куманово се држеше до 4-4, потоа колата тргна низ брдо за гостинските ракометари. Иако стратегот Стевче Алушовски играше со комбинирани постави на теренот, сепак тоа не беше пречка за домаќините да ја завршат работата уште во првиот дел.

Беше 8-4, потоа и 13-6, а до крајот на полувремето, „гладијаторите“ ја задржаа разликата на плус седум и на пауза се замина со 16-9.

Вториот дел беше само формално одработување на задачата и немаше никаква неизвесност околу тоа која екипа ќе ги освои бодовите, а шанса за настап добија сите ракометари од двете екипи.

Најдобри стрелци кај Куманово беа Давид Димевски со седум и Хен Џанкарло Фелипе со шест. Во следното коло Охрид е домаќин во дербито на Вардар, додека кумановци ќе го пречекаат „сино-белиот“ тим од Автокоманда.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186