Колстад го доби сканди-двобојoт, Магдебург излезе од резултатската криза

Во неизвесен натпревар, норвешкиот шампион Колстад успеа да стигне до нова победа во Лигата на шампионите, откако во 7. коло со голот на Бјорн Гудјонсон дојдедо триумф над Алборг, 25:24 (12:11).

Иако Алборг во вториот дел, односно до 50 минута имаше минимална предност, сепак, не успеа да ги освои бодовите. Домашниот тим не се предаваше и во последните десет минути рамо до рамо се бореше со данскиот тим.

Најефикасен во победничката екипа беше Магнус Сондена со шест погодоци, еден помалку постигна херојот на натпреварот – Бјорн Гудјонсон.

Кај Алборг прво име беше Томас Арнолдсен со седум погодоци, а го следеше Џек Турин со пет успешни реализации.

Поранешниот европски првак Магдебург по трите последователни порази,од Келце, Нант и Барселона, конечно дојде до втор сезонски триумф во Лигата на шампионите.

Магдебург во натпревар од 7. коло од европската елита успеа да го победи хрватскиот шампион Загреб, триумфираше со и сега на свое конто има бода.

Домаќините беа во предност во текот на целиот натпревар, со исклучок во еден период од вториот дел, отворија според посакуваното, поведоа со 7:2 и на полувреме заминаа со плус четири, 16:12.

Избраниците на Николиќ се вратија во игра во вториот дел израмнувајќи на 16:16 во 35 минута. Од тој момент Загреб како да подзастана, дозволи ривалот да замине на 19:16 и до финишот никако не можеше да направи втор камбек.

Овие две екипи ќе се судрат во следното 8. коло од Лигата на шампионите, но во хрватската престолнина.

Магдебург во победата беше предводен од Исак Персон со седум погодоци, а во поразениот табор најефикасни, со по пет погодоци, беа Звонимир Срна и Роко Тривковиќ.

ПИК Сегед запиша два важни бода, на свој терен триумфираше над Келце со 28:27 (15:13).

За унгарскиот вицепрвак ова беше 4-ти сезонски тирумф во Лигата на шампионите, додека Келце го доживеа четвртиот пораз во европската елита.