Кој против кого на патот до Ф4 во Хамбург

По одигрувањето на четвртото коло од главната рунда на Лигата на Европа, познати се сите двојки за осминафиналето и сите четвртфиналисти.

Од претходно се знаеше дека Нант и Спортинг одат директно во четвртфиналето, а сега им се придружија Скјерн и Фленсбург.

Војводина имаше шанса со триумф над Кадетен со четири или повеќе разлика да оди во осминафиналето, но победи само со три, па швајцарскиот тим се пласираше во елиминациите.

Нексе доживеа дебакл кај Савехоф во Шведска и како трет оди во елиминациите, а таму ќе се соочи со силниот Рајн Некар Левен.

Осминафиналните дуели ќе се играат на 26 март/2 април, додека четвртфиналните натпревари се на програмата на 23/30 април. Ф4 турнирот ќе се игра во Хамбург на 25/26 мај.

Нексе на Вујовиќ загуби од Савехоф и остана без директен пласман во четвртфиналето од ЛЕ

Заврши европската бајка на Војводина