Koвид ги крои термините во ЛШ: Кристијансанд двапати гостин на Ростов во Русија

Во пресрет на четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите во женска конкуренција, Вајперс Кристијансанд два пати ќе игра во Русија против екипата на Ростов Дон.

Властите во Норвешка ги прекинаа сите спортски настани во затворен простор кон средината на јануари. Поради тоа, Вајперс Кристијансанд мораше преостанатите натпревари од Лигата на шампионите да ги игра на гостински терен како формален домаќин.

Амбициозната екипа од Норвешка првиот натпревар го игра на 10 април со почеток од 14 часот. На овој натпревар шампионот на Норвешка во записникот ќе биде на местото домаќин.

Вториот дуел е закажан за ден подоцна, 11 април со почеток од 14 часот. На истиот, Русинките ќе бидат домаќини.