Селекција на Германија обезбеди пласман во полуфиналето на ЕП, и покрај високиот пораз од Хрватска (24:30) во последното коло од главната рунда. Домашните ракометари пред преполната „Ланксес Арена“ во Келн сакаа со победа да го прослават пласманот во полуфиналето, но Хрватите на чело со феноменалниот Кузмановиќ имаа други планови, и славеа убедлив триумф.
Најдобриот ракометар на Германија, Јури Кнор жали за вчерашниот пораз, пред се за сите оние навивачи кои беа присутни на натпреварот, и заслужија со победа да ја испратат својата репрезентација во полуфиналето.
Жал ми е за сите кои купија билети за овој натпревар. Во полуфинале сме, но можеби премногу размислувавме на таа тема пред и се искључивме во главите. Ова многу ме боли мене и сите останати. Се пласиравме во полуфиналето, но тоа не е менталитет со кој сакаме да играме.-изјави Кнор.
Противник во полуфиналето на Германија ќе биде селекцијата на Данска. Натпреварот е на програмата на 26.јануари (петок) со почеток од 20:30 часот.