Клиниката Жан Митрев е медицински партнер на шампионот Ѓорче Петров

За постигнување на поголеми спортски резултаи во иднина повеќекратниот македонски женски првак Ѓорче Петров ја офијализираше соработката со Клиниката Жан Митрев која во иднина ќе биде медицински партнер на тимот.

Преку користење на најнови научни методи кои веќе се употребуваат во спортот ќе се обидат да ги подобрат перформансите на играчите.

„Од соработката со Клиниката Жан Митрев ќе имаме големи придобивки, без соработка со врвни медицински установи нема резултат и тие ќе бидат од голема помош на подбрување на перформансите на играчите. Се надевам дека првите резултати ќе ги видиме набрзо“, вели Ангела Цветановска член на УО на клубот.

Од Клиниката Жан Митрев велат дека нема многу да зборуваат бидејќи очекуваат тоа да го кажат резултатите.

„Екипата целосно ќе биде под здравствената заштита од наша страна. Се надевам дека ќе бидат задоволни и резултаите ќе бидат видливи. Имаме нови методи кои сакаме и ќе ги искористиме. Јас не можам да зборувам – ќе зборуваат резултатите“, вели д-р. Виолета Николов од Клиника Жан Митрев.

Тренерот на ѓорчепетровки Симе Симовски беше особено радосен што клубот ќе има ваква соработка со една врвна клиничка установа.

„Тое ни е потребно. Во професионалниот спорт и женскиот ракомет многу се вложува во ова. Ова е еден нов предизвик. Јас како тренер ќе ги знам сите атрибути на играчите. Мислењето на лекарсите и медицинскиот тим секаде се важно. Комуникацијата меѓу нас и Жан Митрев ќе биде на високо ниво. Ни треба брзо враќање на играчите кога имаме тешки натпревари“, вели Симе Симовски.