Тимот на Кишварда, каде што игра македонската репрезентативка Ивана Џатевска, ја прекина серијата порази во унгарскиот шампионат.
Кишварда на домашен терен славеше против Бекешчаба со 25-21, откако и на полувремето водеше со пет гола, 15-10.
Македонската репрезентативка одлично ја одработи својата улога во дефанзивата, а беше стрелец и на еден погодок.
Кишварда сега има четири победи, едно реми и седум порази, за девет бода што е доволно за деветтото место, а следниот натпревар го игра на гостински терен кај Мошонмаѓаровар.