Кипријановска ефикасна, Ле Самбр Авенуа победи убедливо

Францускиот Ле Самбр Авенуа, каде што игра македонската репрезентативка Јована Кипријановска, забележа триумф во наптревар од Втората лига.

Ле Самбр Авенуа славеше на гостински терен кај Ле Пузен со 33-14, во дуел од седмата рунда.

Кипријановска беше меѓу најдобрите во победничкиот состав и успеа да постигне четири гола од пет обиди.

Следен предизивк за Ле Самбр Авенуа и македонскиот десен бек ќе биде домашниот двобој со Ним Метропол.