Кичево ја доби драмата со Партизан Гевгелија

Тимот на Кичево славеше драматична победа над Партизан Гевгелија со 35-34, иако во текот на мечот имаше пет погодоци предност, сепак на крајот стравуваше за трите бода.

На стартот гостите одржуваа рамнотежа до 8-8, но потоа домаќинот предводен од Стефаноски стигна до плус четири, 12-8, а до крајот на полувремето и 18-13.

Во вториот дел, гевгеличани кои беа предводени од Лисичков, успеаја да се вратат во игра за позитивен резултат, намалија во повеќе наврати на минус еден.

Кичево не го искористи последниот напад за да го решат мечот, останаа неколку секунди за Партизан, но не беше упатен шут кон домашниот гол и победата и трите бода останаа дома.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Стефан Стефаноски со 11 гола, додека кај Партизан Гевгелија се истакна Горан Лисичков со 12 погодоци.