По поразот од Вардар во првото коло, тимот предводен од Кире Лазаров ја оствари првата победа во плеј-оф фазата.
Домашниот тим пред својата публика триумфираше против кавадарчани со 34:27 (16:12), а до победа дојде со одличната игра во вториот дел.
Избраниците на Грчевски парираа во првиот дел, но во второто полувреме попуштија во темпото и домаќините лесно и рутински одработија.
Најефикасени во победничката екипа беа Мартин Серафимов и Дамјан Митов со по шест погодоци, по пет имаа Бинго Арно и Александар Петковски.
Игор Кривокапиќ и Аби Обина беа најефикасни во поразениот табор, двајцата ракометари имаа по седум реализации во мрежата на домаќините.