Последните неколку сезони Црвена Ѕвезда се соочуваше со големи проблеми, но сега амбициите се зголемија и за тоа ангажираа познато име.
На местото на Недељко Матиќ, кој се сели во Романија, доаѓа Марко Кривокапиќ, кој ќе го има првиот самостоен ангажман.
Некогашниот српски репрезентативец се очекува да го промени изгледот на „црвено-белите“, а за тоа ќе му послужи искуството од Унгарија.
Таму работеше десет сезони, од 2013 до 2023, од што седум заедно му беше асистент на Хуан Карлос Пастор и имаше удел во освојувањето на пет трофеи.
Кривокапиќ се враќа во Србија по 24 години. Неговата кариера започна во Сента, па Југовиќ Каќ, Синтелон, пред во 2000 година да се пресели на Пиринеите.
Таму играше за португалската Мадеира, како и за шпанските Гранољерс, КАИ Арагон и Ваљадолид, а последните пет сезони од играчката кариеа играше за ПИК Сегед.