Кадетите и младинците на контроли со Словенија и Австрија

Кадетската и младинската машка репрезентација на Македонија за време на ЕХФ неделата во мај ќе имаат силни проверки.

Двете селекции ќе патуваат за Словенија, каде ќе одиграат по два натпревари со домаќинот и со Австрија.

Кадетите предводени од Наум Танески ќе одиграат два меча со Словенија и Австрија, додека младинците на Раде Стојановиќ ќе тестираат два пати против домаќинот.

Овие натпревари се дел од подготовките за настапите на летните континентални собири во Словенија, односно Црна Гора.

Кадетите на ЕП во Црна Гора се во тешка група со Германија, Франција и Полска, додека младинците на ЕП во Словенија ќе се соочат со Хрватска, Австрија и Црна Гора.