Македонскиот интернационалец Мартин Јовановски остави одлична полусезона зад себе во кипарскиот шампионат.
Битолчанецот беше меѓу клучните ракометари во дресот на Анортозис во регуларниот дел од првенството и на некои од натпреварите беше херојот за победа.
Aнортозис има 24 бода на второто место пред лидерот Парнасос Строволу, кој има 25 бодови на лидерската позиција.
Претстојниот викенд стартува плеј-офот со најдобрите четири екипи на Кипар, а прв ривал на Анортозис и Јовановски ќе им биде Парнасос.
Покрај овие две екипи, уште Европски Универзитет и АПОЕЛ ќе бидат во трката за титулата.