Јехона лесно се справи со „фенерџијата“ Борец

Екипата на Јехона со победата над „фенерџијата“ Борец од 48:21 ја продолжи трката за првата позиција во групата А од суперлигашката конкуренција.

За Јехона денешната победа над Борец беше петта во новата натпреварувачка сезона и со новите бодови останува во игра за првото место.

Борец го претрпе седмиот пораз и веќе јасно е дека некогашниот македонски шампион ќе игра во плеј-аут фазата.

Домашниот тим победата ја запиша уште во првите петнаесетина минути кога со одлична реализација стигна до 12:5 и рутински го одработи остатокот од дуелот.

На полувреме беше 24:9 за домаќините, додека во вториот дел гостинскиот тим од Велес, кој во Гостивар допатува со 11 играчи, не можеше да ја преполови негативата, па така високиот пораз беше неизбежен.

Најефикасен во победничкиот тим беше Марио Јовановски со седум погодоци, по шест постигнаа Новица Михајловски и Ерлис Селмани. Кај Борец најдобар беше Леон Ристов со седум погодоци.