Јехона херојски до реми кај Кичево, осми триумф за Металург РА

Тимот на Јехона стигна до реми на гостувањето кај Кичево, 27-27, иако на пет минути до крајот домашниот тим водеше со четири гола разлика, 27-23. По голот на Тошев за 27-23, домаќините веројатно помислија дека се е готово, но Јехона не мислеше така.

Селмани, Салиу, Јованоски и Давидоски погодија во серија за реми во претпослендата минута. Остана уште време за двете екипи да постигнат победнички гол, но не успеаја во тоа и на крајот мораа да се задоволат со бод.

Најдобар стрелец кај Кичево беше Стефан Стефаноски со 11 гола, додека за гостите Адис Салиу постигна 13 погодоци.

Металург РА славеше рутински против Аеродром со 30-20. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Поповски и Петровски со по шест гола, а кај Аеродром се истакна Ниновски со седум погодоци.

Сега тимот од Автокоманда е втор на табелата со 16 бода зад лидерот Еурофарм Пелистер 2 кој има 18, но и меч помалку.