Јасухира во Ол Стар тимот – „Самурајот“ од Вардар најдобар среден бек на Азискиот шампионат

Средниот бек на Вардар, Косуке Јасухира, кој беше на позајмица во Кадсија од Кувајт, беше избран во идеалниот тим на азискиот шампионат.

Јапонскиот интернационалец имаше одлични партии во групната фаза, а особено во мечот за бронза против Ал Кувајт.

На тој меч Јасухира даде десет гола, меѓу кои беше и победничкиот погодок на неколку секунди до крајот.

Во идеалниот тим се најде и некогашниот десен бек на Металург, а сега на Кадсија, Владан Липовина, кој исто како и Јасухира, даде десет гола во мечот за бронза.

Јасухира по кратката позајмица се враќа на располагање на тренерот Владо Недановски за последните две средби оваа година од Супер лигата.