Пред извесен период германски „Билд“ објави дека актуелниот европски првак Барселона е заинтересирана за младата ѕвезда Марко Гргиќ.
Големата надеж на германскиот ракомет имаше одличен настап на Светското првенство 2025 и го привлече вниманието на неколку бундеслигашки клубови.
Сепак, левиот бек ги демантираше шпекулациите дека е можно да се пресели во каталонскиот гигант.
,,Јас во Барселона? Ваквата вест ми беше смешна кога првпат ја прочитав и искрено не знам од каде оваа информација, но доколку има вистински интерес од клубот, тоа за мене претставува голема чест. Мислам дека би било одлично да заиграм за Барса еден ден”, изјави Гргиќ за ,,Динспорт”.
Гргиќ настапува за Ајенах, со овој клуб има договор до летото, 2027 година, но најверојатно младиот ракометар ќе заврши во редовите на Хановер.
Фуксе Берлин и Рајн Некар во борба за потписот на талентираниот Гргиќ