СП 2023: Јапонија со шлаканица за еден од домаќините на СП

Репрезентацијата на Јапонија со триумфот над Данска од 27:26 (12:12) се вклучи во трката за пласман во четвртфиналето на Светското првенство 2023.

За Данска, која заедно со Шведска и Норвешка е организатор на Мундијалот, ова беше прв пораз и ќе мора на следните два дуели да го даде максимумот за да дојде до зацртаната цел.

Данска за следен ривал ја има Полска, додека во последното коло од групната фаза ќе се соочи со Германија.

На Јапонија и претстои меч со Романија, потоа и со репрезентацијата на Србија.

Шведска во нерамноправен натпревар лесно ги освои бодовите против Камерун, дојде до победа од 37:13 (16:5).

Швеѓанките го презедоа лидерското место во првата група, на свое конто имаат шест бода и се наоѓаат на чекор до пласман меѓу најдобрите осум репрезентации.