Jaнку: Ги имаме сите квалитети да излеземе како победници против Македонија

Според изјавите во романските медиуми, Романија во Скопје стигнува со позитивни мисли и верува дека може да однесе добар резултат во Букурешт за реваншот.

Пред првиот натпревар кој ќе се игра во четвртокот зборуваше и голманот на романската репрезентација, Јонут Јанку кој порача дека според него Романија ги има сите квалитети да ја елиминира Македонија.

„Ги имаме сите квалитети за да излеземе како победници во овој двомеч. Имаме желба и сме обединети. Долго време не сме играле на завршниците на големите турнири и затоа сметам дека сега доаѓа нашето време“, изјави Јанку.

Првиот натпревар помеѓу Македонија и Романија се игра в четврток во Скопје од 19:00 часот. Реваншот е само два дена подоцна во Букурешт, а подобриот од овој двомеч оди на дуел со Чешка (13/14 април и 16/17април).