Македонскиот интернационалец Михаил Иваноски, кој настапува за Дубочица, продолжува во одлична форма и во новата година.
Клубот на Иваноски славеше против Колубара со 32:24 (18:10) во натпревар од 14. коло од најквалитетното натпреварување во Србија.
Десниот бек од Македонија беше главен на теренот, натпреварот го заврши речиси без грешка, постигна седум погодоци.
Иваноски имаше 100% реализација од пенал, 4/4, а покрај трите голови од игра, а своето име запиша и две асистенции.
Дубочица со освоената победа е блиску до пласман во четвртфиналето, а во следното коло ќе му гостува на актуелниот шампион Војводина.