Тимот на Дубочица Лесковац, каде што игра македонскиот интернационалец Михаил Иваноски, ќе разигрува за титула во Србија.
Дубочица со триумфот на гостински терен кај Обилиќ со 26-24 во последното коло од регуларниот дел од сезоната го потврди пласманот на петтото место.
Иваноски на овој наптревар успеа три пати да ја затресе противничката мрежа, но и да подели три асистенции до соиграчите, па беше меѓу најдобри оценетите во тимот од Лесковац.
Дубочица ќе игра против Динамо Панчево во четвртфиналето на плеј-офот, додека Раднички ќе се сретне со Металопластика.
Оваа фаза ја скокаат прво и второпласираната екипа, Партизан и се уште актуелниот шампион Војводина.