Тимот на Бисинов ја продолжи победничката серија во Првата лига, откако на домашен терен славеше против Металург РА со 37-27.
Најискусниот во редовите на велешкиот тим, Ивица Илиев, беше предводник до новите три бода со 14 погодоци.
Триумфот беше најавен уште по првото полувреме, кога избраниците на Никола Бисинов водеа со 21-12.
Вториот дел во кое домашните имаат и плус 14, беше само формалност, а до крајот гостите успеаја да го ублажат поразот.
Покрај Илиев, во редовите на Бисинов се истакна и Александар Стојменов, додека кај Металург РА најдобри стрелци беа Стефан Крстески и Коста Николовски со по седум гола.
Во следното коло Металург РА ќе гостува кај Овче Поле, додека Бисинов исто така оди на гостување, но кај Радовиш.